Не е сеедно: Шест Естонци погласни од илјада Македонци во „Борис Трајковски“

Кошаркарите потфрлија на денешниот дуел со Естонија, но потфрлија и навивачите кои воопшто не им дадоа поддршка на избраниците на Јорданчо Давитков.

Над илјада фанови беа присутни вечерва во СЦ „Борис Трајковски“, но останаа во сенка на шестмината Естонци кои покажаа како се бодри својот национален тим. За гостите сигурно беше „ветер во грб“ слушајќи го скандирањето на своите сонародници и кога губеа со двоцифрена разлика. Затоа пак кога нашите кошаркари не беа во ритам, немаше кој да ги понесе и да им ја врати самодовербата.

IMG_5896

Проблемите во мак-баскетот се многу подлабоки за да се бара една причина за фијаското, но штета е кога култот на репрезентацијата е целосно загубен во очите на сите, пред се на „обичниот навивач“ кој секогаш знаел да цени и да поддржи, но кога станува збор за кошаркарскиот национален тим, тоа еднотавно повеќе не е случај.

Се вчитува...