Атлетико Мадрид потпишувајќи договор со авто-куќа за спонзорство одлучи да подари по еден луксузен автомобил – „теренец“ за секој од своите фудбалери. И се беше убаво се додека не дојде редот за репрезентативецот на Гана, Томас Парти.
Фото-сеансата при добивањето на автомобилите од Хјундаи беше организирана на стадионот „Метрополитано“, а кога дојде ред на Томас се се претвори во комедија. Очигледно неговите возачки (не)способности не се непознаница за неговите соиграчи кои прснаа во смеа веднаш штом влезе во автомобилот.
Најпрво тргна во рикверц, потоа ја уплаши малку и претставничката на Хјундаи, за малку ќе имаше и „сообраќајна несреќа“ со рекламните банери кои ги одбегна само за неколку сантимери, а во финишот ќе „летнеше“ и корнер знаменцето… Сето ова, чисто како поука, „теренец“ и не е баш за секого…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА