Не е толку лошо да се добие отказ… прашајте го Жозе Мурињо

Ерик тен Хаг доби отказ од менаџерската функција во Манчестер Јунајтед, но холандскиот стручњак добро ќе го наплати предвременото заминување од „Олд Трафорд“.

Англиските медиуми информираат за загарантирана сума од 10 милиони фунти што може да биде уште поголема ако Тен Хаг во наредните 18 месеци (колку што му траеше договорот со Јунајтед) не најде нов ангажман. Да се добие отказ секако е фруструрачки, но во светот на фудбалските тренери, особено оние врвните тоа значи и извонредна заработка.

Најдобар доказ за тоа е Жозе Мурињо, кој од заминувањата од Челси, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Рома инкасираше над 90 милиони евра, а по секое заминување „специјалниот“ немаше проблем да најде нов клуб. Овој рекорд на Мурињо лесно би можел да го надмине Роберто Манчини, кој има за земање околу 70 милиони евра откако беше отпуштен од функцијата селектор на Саудиска Арабија.

Поранешниот италијански селектор речиси сигурно ќе го урне рекордот за највисока индивидуална отштета што засега го држи Антонио Конте, кој во 2018 доби 31 милион евра откако доби отказ од Роман Абрамович. Рускиот милијардер кој го водеше Челси му исплати 20 милиони евра на Жозе Мурињо кога предвреме ја прекина соработката со Португалецот, како и 15 милиони евра на Луис Фелипе Сколари…

Се вчитува...