Голманката на Вардар, Амандин Лејно, како мала утеха за пропуштената шанса за трофејот во ЛШ, е избрана за МВП (најкорисен играч) на завршниот Ф4 турнир во Лигата на шампионките. Таа бранеше фантастично во полуфиналето, кога собра 17 одбрани и го трасираше патот на вардарки во финалето, но исто така и во драматичниот финален двобој.
Во финалето, Лејно успеа да забележи 19 одбрани, но и тоа на крајот не беше доволно за освојување на шампионскиот пехар во Будимпешта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА