„Не е виновен ВАР, виновни се неспособните судии“

Премиер-лигата потврди дека судиите на терен и тие кои се во ВАР собата во четврток погрешија се што може да се погреши. Три премиерлигашки натпревари беа на програмата во четврток, кога беше комплетирано 34. коло и на сите три натпревари беа направени кардинални грешки.

Тоа овојпат не е само мислење на јавноста, туку стигна и официјална потрвда од елитното натпреварување за Би-Би-Си. Најсрамна грешка се случи на натпреварот меѓу Астон Вила и Манчестер Јунајтед кога тимот од Бирмингем беше жестоко оштетен при резултат 0-0. Португалскиот ас Бруно Фернандеш изнуди пенал за Јунајтед иако беше јасно дека тој го нагази противничкиот фудбалер.

Спорна ситуација се случи и на мечот меѓу Бурнемаут и Тотенхем исто така при резултат 0-0 имаше фаул над Хери Кејн кој главниот судија не се одлучи да го окарактеризира како пенал. Грешка имаше и на мечот меѓу Евертон и Саутемптон (1-1), но таа најмалку влијаеше на конечниот резултат. Вард Проуз во 28. минута падна во противничкиот шеснаесетник без никаков контакт. Судијата досуди пенал, а од ВАР беше само потврдена неговата одлука. Сепак, на среќа на сите Вард Проуз го промаши пеналот.

Се вчитува...