„Не е во ред едно такво срамно изживување на играчите… Партизан мора да се заштити!“

Кошаркарскиот тренер Драган Јаковљевиќ ја коментираше ситуацијата во Партизан по поразот од Виртус во Евролигата. Партизан доживеа убедлив пораз дома против тимот на Виртус од Болоња во 16. коло од Евролигата (68-86), па пропушти одлична шанса да се вклучи и во борбата за Топ 10 во лигата.

Јаковљевиќ рече дека воопшто не му се допаѓа ситуацијата со Џабари Паркер и верува дека Партизан некако треба да се заштити поради неговото однесување.

„Сè што видовме, добивме брзи одговори, видовме дека станува збор за здравствен проблем со Тајрик Џонс. Ако крајот на соработката е блиску, треба да го решат сега, не е во ред играчот да биде тука, кога не дава ништо, мора да има заштита и за клубот. Некои детали тешко е човек да ги анализира кога не знае дали играчот го дава максимумот на терен. Сомнителна е ситуацијата со  многу кошаркари на Партизан кои земеаат пари е очигледно не им се игра“, изјави Јаковљевиќ за Арена Спорт.

Потоа се осврна на самиот натпревар против Вуртус.

„Видовме 20 изгубени топки. Нешто не функционираше. Беше натпревар помеѓу два тима кои, од оние 37-30, како да не се на исто ниво, како да играше средно училиште со основно училиште. Чекањето на Карлик и се што се случуваше со стручниот штаб и овие шпекулации околу Џабари Паркер, Тајрик Џоунс и останатите кои знаат дали сакаат да играат, го прават тимот неудобен. Пропуштија одлична шанса, можеби дури и предолго чекаше Партизан, мора итно да реагираат и да доведат играчи. Звезда донесе двајца или тројца играчи, па изгледа многу подобро“, рече Јаковљевиќ по натпреварот.

Тој верува дека поранешниот тренер Жељко Обрадовиќ носи дел од грешките и одговорноста поради изборот на тимот.

„Понекогаш мора да се трпи тоа, ова не е вина на претседателот на клубот. Навивачите можат да скандираат што сакаат, ова е вина на претходниот тренер, кој донесе толку многу играчи, кои немаа никаков ефект а и карактерно се сомнителни“, додаде Јаковљевиќ.

Се вчитува...