Не е време за пензија: Хуан Мата има нов клуб

Хуан Мата во април наполни 37 години, но шпанскиот ветеран очигледно воопшто не размислува за пензија. Тој од денеска и официјално има нов клуб откако потпиша договор со Мелбурн виктори, актуелниот вицешампион на Австралија.

Мата ја мина ланската сезона во Австралија бранејќи ги боите на Вестерн Сиднеј каде што пристигна од Јапонија, шпанскиот ветеран очигледно добро се чувствува на овој континент, па иако имаше неколку понуди за враќање во Европа тој реши да остане во Австралија, но да ги смени клупските бои.

„Возбуден сум што доаѓам во Мелбурн и ќе бидам дел од еден од најпочитуваните клубови во лигата и ќе играм пред група на фантастични навивачите. Го избрав Мелбурн поради желбата да помогнам да се освојуваат трофеи, но и да работам на долгорочниот план за кревање на квалитетот на фудбалот во оваа држава“, истакна Хуан Мата.

Се вчитува...