Хрватската фудбалска федерација соопшти дека фудбалерите ќе се вратат во Загреб во 17:10 часот во недела, што се поклопува со терминот на финалниот натпревар.
Хрватските фудбалери загубија од Аргентина, и ќе играат во мечот за третото место, и нема да ги интересира кој ќе го освои пехарот. Предвидено е чартерот со играчите и стручниот штаб да тргне некаде пред 15 часот од Катар, со што ќе ја пропуштат церемонијата на финалниот меч, и целото финале.
Навистина чудна одлука, со оглед на фактот дека навивачи ќе ги чекаат фудбалерите за слават за овој успех, но кој ќе дојде на дочек, нема да може да го следи финалниот натпревар.
Hrvatska reprezentacija vratit će se u domovinu u nedjelju te je slijetanje u Zagreb predviđeno u 17:10 sati. Ostali detalji dolaska Vatrenih u Zagreb bit će objavljeni narednih dana. 🛬➡️🇭🇷 #FIFAWorldCup #Obitelj #Vatreni❤️🔥 pic.twitter.com/CfWhMws3sB
— HNS (@HNS_CFF) December 14, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА