Новак Ѓоковиќ според сите проценки и покрај повредата на зглобот на раката ќе биде подготвен да го брани трофејот на Австралија Опен.
Нема сомнеж дека Новак ќе биде првиот фаворит на турнирот кој го освојуваше неверојатни десет пати, а поранешната британска тенисерка Лора Робсон вели дека не гледа некој тенисер што може да го добие во Мелбурн.
„Тешко е да се види некој кој може да го победи во Мелбурн. Има нешто што одговара на неговата игра и навивачите се луди што сакаат да го поддржат овде, тоа не го гледате никаде на друго место во светот. Мислам дека Новак навистина сака да игра овде “, вели Робсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

