Милан со неверојатен пресврт славеше со 3-2 над Верона, надминувајќи ги сите проблеми со кои „росонерите“ се соочија во изминатиот период.
За потсетување, Милан остана без првиот голман Маињан, со коронавирус се заразија Тео Хернандез и Брахим Дијаз, што придонесе тренерот Пиоли да мора да експериментира со стартниот состав на оваа средба. Ова придонесе „веронезите“ да го шокираат домаќинот и набрзина да поведат со 0-2, а згора на тоа „росонерите“ пред крајот на полувремето останаа и без Анте Ребиќ, кој се приклучи на листата на повредени играчи.
Сепак, „црвено-црните“ од Милано го покажаа својот победнички карактер, издигнувајќи се над сите овие проблеми и правејќи голем пресврт во второто полувреме. Жиру беше играчкот кој го постигна првиот гол и го иницираше пресвртот, на 2-2 израмни Кеси од пенал, а конечните 3-2 беа поставени со најсмешниот автогол во Италија сезонава, по несмасната интервенција на Гунтер по центаршутот на Кастилјехо.
Milan 3-2 Verona | Gunter (own goal) 🎥
to never miss any goal Follow here 👇@IFAST66 pic.twitter.com/5uDGBmvUhK
— Follow @IFAST66 (@ifast222) October 16, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА