Не го отпишувајте големиот Милан: Чудесен пресврт со најсмешниот автогол оваа сезона

Милан со неверојатен пресврт славеше со 3-2 над Верона, надминувајќи ги сите проблеми со кои „росонерите“ се соочија во изминатиот период.

За потсетување, Милан остана без првиот голман Маињан, со коронавирус се заразија Тео Хернандез и Брахим Дијаз, што придонесе тренерот Пиоли да мора да експериментира со стартниот состав на оваа средба. Ова придонесе „веронезите“ да го шокираат домаќинот и набрзина да поведат со 0-2, а згора на тоа „росонерите“ пред крајот на полувремето останаа и без Анте Ребиќ, кој се приклучи на листата на повредени играчи.

Сепак, „црвено-црните“ од Милано го покажаа својот победнички карактер, издигнувајќи се над сите овие проблеми и правејќи голем пресврт во второто полувреме.  Жиру беше играчкот кој го постигна првиот гол и го иницираше пресвртот, на 2-2 израмни Кеси од пенал, а конечните 3-2 беа поставени со најсмешниот автогол во Италија сезонава, по несмасната интервенција на Гунтер по центаршутот на Кастилјехо.

Се вчитува...