Драматични моменти минува Леброн Џејмс откако во американската јавност беше споделена информација дека ја изневерувал својата сопруга со моделот Софија Џамора.
Ерза Халити, блиска на семејството Џејмс, објави на својот Инстаграм профил дека не го сака Леброн затоа што ја изневерувал сопругата Савана со која има три деца.
„Дали сум единствена која не е фан на Леброн? Претпоставувам дека никогаш не сум била фан на ‘фраери’ кои изневеруваат, посебно со личност како Софија Џамора. И тоа онака не сакајќи тоа ниту воопшто да го сокријат. Како да уживаат омаловажувајќи нечии други чувства“ – напиша Халити.
Леброн со актуелната сопруга е од средно училиште. Ова е прв скандал во кој се ‘вплеткани’. Нивни блиски пријатели сведочат дека оваа објава на Халити предизвикала сериозни проблеми во нивниот брак, но засега и двајцата не сакаат да се огласат во јавноста на оваа тема.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА