Перо Антиќ се уште не е подготвен да го даде максимумот за Црвена звезда, па најчесто воопшто не влегува во игра на натпреварите на „црвено-белите“.
Тоа му падна чудно на еден навивач на АБА-шампионот, па преку твитер го прозва Македонецот, за што доби и експресен одговор.
„Што правеше Перо Антиќ цело лето кога не е спремен да одигра ниту секунда против овие екипи од АБА-лигата“.
„Нешто што ти не би издржал ниту минута“ – во свој стил одговори Антиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА