Не издржа бункерот на Арсенал: Стоунс го спаси Сити од пораз во 98. минута (ВИДЕО)

Фудбалерите на Арсенал пропуштија да стигнат до голема победа во дербито на 5. коло на англиската Премиер-лига откако на крајот само ремизираа 2-2 на гостувањето кај Манчестер сити.

Сити поведе со 1-0 со голот на Ерлинг Халанд во 9. минута. Гостите израмнија на 1-1 преку Калафиори во 22. минута, додека целосен пресврт донесе Габриел во првата минута од судиското продолжение.

До крајот на првото полувреме Тросард можеби и премногу лесно доби втор жолт картон по што мораше да го напушти теренот.

Manchester City 1 – [2] Arsenal – Gabriel Magalhaes 45‎+‎1‎'‎
byu/diogovin insoccer

Во второто полувреме „граѓаните“ напаѓаа со сите сили, но храбриот Арсенал успеа да се одбрани се до 98. минута кога Џон Стоунс успеа да постигне гол за 2-2 и да го спаси својот тим од пораз.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...