Удирањето со глава на Марко Матераци во финалето на Светското првенство во 2006 година е еден момент која ја одбележа кариерата на Зинедин Зидан, без разлика на бројните извонредни натпревари кои ги демонстрираше во дресот на Јувентус, Реал Мадрид и француската репрезентација.
Жолтата минута на големиот Зизу во продолжението од дуелот меѓу Франција и Италија на СП е дел од документарниот филм кој го одбележува животот на актуелниот тренер на Реал Мадрид, кој го подготви француската национална телевизија ТФ1 за емисијата „Телефут“.
„Не сум горд на тоа. Не се гордеам со тој гест поради сите млади луѓе, тренери и волонтери кои фудбалот го прават сосема поразличен“ – вели Зидан во документарецот, кого го обземаат и силни емоции кога ги слуша зборовите на својот татко во истиот документарец со пораката дека премногу го сака и дека секогаш ќе биде зад него што и да направил на теренот…
Video | Zidane between laughter & tears as he watches a documentary of his life during an interview with @telefoot_TF1 pic.twitter.com/h7tTiZFvOm
— RMadridVids (@RMadridVids) September 3, 2017
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА