Не издржа одбраната „ала Мурињо“ на Гвардиола: Мартинели со феноменален гол во 93. минута не дозволи победа на Сити (ВИДЕО)

Одличен натпревар на „Емирејтс“ во дербито на 5. коло од Премиерлигата меѓу Арсенал и Манчестер сити кој заврши без победник, 1-1.

И тоа благодарение само на феноменалниот гол на Мартинели во 93. минута кој успеа на тој начин да го анулира водството на Сити уште од самиот почеток на мечот.

„Граѓаните“ поведоа на мечот со голот на Халанд уште од 9. минута на средбата. Па во продолжението Сити го бранеше резултатот, пред се во вториот дел со „ала Мурињо“ дефанзива на Гвардиола, но таа не издржа во судиското продолжение.

Мартинели постигна извонреден погодок на крајот во 93. минута за конечни 1-1.

Се вчитува...