Боксерот Патрик Деј почина на 27-годишна возраст по четири дена минати во кома откако заработи тешки повреди на главата од борбата со Чарлс Конвел.
Деј се здоби со тешки повреди на мозокот поради што мораше да биде во вештачка кома, но не издржа…
„За жал почина Деј. Неговата љубезност и позитивност секогаш ќе ја паметат сите кои го познаваа“ – соопшти промоторот на борбата, Луи Де Бела.
Во 2019 година ова е трета смрт на боксер по повреди добиени во борба, по Русинот Максим Дадашаев и Аргентинецот Хуго Сантилан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА