Шон Дајч, англискиот стратег кој во богатата кариера беше дел и од Барнли го критикуваше поранешниот тренер на овој ангиски клуб, а сегашен стратег на Баерн Минхен, Винесент Комапни.
Белгиецот во првата сезона помината во Барнли го промовираше својот тим во Премиерлигата со освоена шампионска титула во Чемпионшип, но не успеа и да го задржи во елитата и покрај завидната сума потрошена на нови засилувања. Тоа му пречи на Дајч.
„Јас потрошив едвај 9 милиони фунти и освоивме 35 бодови, кои за жал не беа доволни за да опстанеме во Премиерлигата. И сега го имаме Компани. Тој освои 24 бода и покрај тоа што инвестираше стотици милиони во засилувања. Го остави клубот со минус од 127 милиони фунти, испаднат во втора лига, и доби понуда да стане тренер на Баерн Минхен.
Ама ајде, како е можно ова? И јас би го посакал истото. И јас би сакал да станам тренер на Баерн Минхен. Но животот е чуден и нема правила“, изјави Дајч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА