Возбудувањата во Евролигата по повеќенеделна пауза продолжуваат утревечер, а еден од првите натпревари на програмата ќе биде пресметката меѓу Партизан и Анадолу Ефес.
Турскиот тим пред доаѓањето во Белград има скор 11-15 и се наоѓа на 14. место на табелата, додека Партизан е на 11. позиција со 12 победи и 14 порази.
Тренерот на Ефес, Томислав Мијатовиќ зборуваше пред тренерската пресметка со најодликуваниот европски стручњак.
„Под број еден… Во никој случај не можам да бидам во реченица со господинот Обрадовиќ. Секој што е нормален, тоа му е јасно. Да не зборувам сега што и кој е Обрадовиќ. Второ, од спортот и човечка страна, кога си во Ефес, треба да ја оставиш настрана сета големина и големина на нивните имиња и да се бориш“, рече Мијатовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА