Не може без инциденти: Жестоки судири на навивачите и полицијата во Буенос Аирес… (ВИДЕО)

Навивачите на Ривер Плата и денеска во утринските часови се уште се низ улиците на Мадрид и ја слават победата во финалето на Копа Либертадорес против најголемиот ривал Бока јуниорс. Ривер во Мадрид во спектакуларна атмосфера славеше со 3-1 по продолженијата доаѓајќи до четвртата титула шампион на Јужна Америка.

Низ Мадрид се уште се слави, но се слави и во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес каде, вообичаено, не може без инциденти и жестоки пресметки на полицијата и навивачите на овој клуб.

Полицијата во Буенос Аирес мораше да користи и солзавец за да ги смири навивачите. Но, за нив сега ништо не е важно освен победата на нивниот Ривер и трофејот во Копа Либертадорес…

 

Се вчитува...