Не може без политика кога се игра против грчки екипи, Ираклис го пријави МЗТ Скопје во ФИБА поради транспарент

Натпреварот на стартот од ФИБА Европа купот меѓу македонскиот шампион МЗТ Скопје и грчкиот Ираклис доби и политички конотации поради транспарент во СЦ „Јане Сандански“.

„Фемили Аеродром“ на трибините истакна транспарент со слоганот „Името твое свето ќе го браниме пред светот“ и на него има мапа на Македонија со Егејскиот и Пиринскиот дел.

Од Ираклис веднаш ја известиле грчката амбасада во Скопје, а во исто време реагирале и кај делегатот, Елеонора Рангелова од Бугарија.

„Уште од самиот почеток и пред натпреварот, Ираклис официјално ѝ пријави на бугарската комесарка за натпреварот, Елеонора Ранџелова, за постоењето на транспарент со националистичка содржина што навивачите од Скопје го истакнаа на една од централните трибини во салата, барајќи тој да биде отстранет. За ова беше известена и грчката амбасада во Скопје“, стои во соопштението кое Ираклис го објави за грчките медиуми.

Челниците на Ираклис за грчките медиуми открија дека ќе го пријават МЗТ Скопје и во ФИБА поради транспарентот и мапата на Македонија со Егејскиот и Пиринскиот дел.

Се вчитува...