Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике, е еден од оние фудбалери кои се без „влакна на јазикот“. Тој се огласи околу ситуацијата со Нејмар и шпекулациите за неговото заминување од Париз. Тој смета дека конечно е време Бразилецот сам да каже што сака.
„Нејмар мора да се изјасни. Ситуацијата е компликувана. Тој е фудбалер на ПСЖ, а тимот кој ние го имаме е доволно добар. Сепак, ќе бидам среќен ако се врати, меѓутоа моето мислење ама апсолутно ништо не значи во ситуацијава“, изјави Пике.
Преодниот рок во Шпанија трае до 2. септември, но сега многу поблиску до Нејмар е Реал Мадрид. Шпекулациите велат дека тој би можел да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“ за 120 милиони евра, а во Париз да замине и Лука Модриќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА