Не може побизарно: Физиотерапевтот на Дубаи го повредил Алекса Аврамовиќ

Алекса Аврамовиќ поради повреда го пропушти триумфот на Дубаи над неговиот поранешен клуб Партизан, но не станува збор за повредата од Евробаскет 2025 туку за сосема нов проблем што воопшто не е наивен.

Како што информира добро упатениот новинар Един Авдиќ, Аврамовиќ го очекува пауза од околу два месеци откако бил повреден – од клупскиот физиотерапевт на Дубаи.

„Она што јас го знам дека Алекса ќе паузира меѓу два и три месеци. Го повредил физиотерапевтот поради лошо истегнување, најверојатно премногу му ја повлекол ногата и настрадале лигаментите… Навистина бизарно, не може човек да поверува дека вакво нешто може да се случи, но ете…“, обелодени Авдиќ.

Се вчитува...