Бразилскиот голман Едерсон важеше за незаменлив во составот на Манчестер Сити изминатите сезони, настапувајќи на 332 натпревари и освојувајќи шест првенствени титули, Лигата на шампионите, два ФА купа и четири Лига купови, но неговата ситуација се промени по скандалот со тренерот Пеп Гвардиола на мечот со Тотенхем во Лондон кога двајцата влегоа во вербална расправа.
Страстите не се смирија на самиот натпревар, а ситуацијата ескализираше и низ медиумите. Поради тоа Гвардиола се одлучи на драстична мерка – перманентен трансфер.
За неговите услуги најзаинтересиран беше Ал Наср, но преговорите со овој саудиски клуб пропаднаа. Едерсон нема намера да остане дел од тимот предводен од Гвардиола па се обидува да издејствува трансфер во Саудиска Арабија по секоја цена. Сега тој е на радарот на Ал Итихад, но пречка за исполнување на желбата на голманот е сумата која Манчестер Сити ја бара за негов трансфер од 50 до 60 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА