Не можеа да ги сокријат емоциите: Дибала и Мората се простија од Роналдо

Пауло Дибала и Алваро Мората не можеа да ги сокријат емоциите, па испратија последно збогум до својот колега од Јувентус, Кристијано Роналдо.

Како што е веќе познато, Роналдо замина во Манчестер Јунајтед, па емоциите се неизбежни во Торино.

„Ми беше задоволство да бидам во можност да учам од тебе, да созреам со тебе и да играм со тебе“, напиша Дибала.

Алваро исто така се огласи, па му посака среќа на Кристијано во новата мисија со Јунајтед.

„Денеска е нова фаза од отвојата кариера и ние ти посакуваме се најдобро. Се гледаме наскоро, Кристијано“, порача Алваро Мората.

Со заминувањето на Роналдо, во Јувентус за Алегри ќе се отвори нов тактики правец, нешто кое Алегри и поттајно го посакуваше откако стапи на должност во клубот од Торино.

Се вчитува...