Не можеше да е поинаку: Евроголот на Манасков на врвот на Топ 5 листата

ЕХФ денеска ги објави петте најубави погодоци во петтото коло од Лигата на Шампионите, рангирање во кое врвот втора недела по ред е резервиран за ракометар на Е. Пелистер.

Минатата седмица тоа беше Атанасијевиќ, а овојпат признанието заминува во рацете на Дејан Манасков, за феноменалниот цепелин на мечот со Барселона. Голманот Митревски фрли додавање од својот простор, а Манасков во скок ја фати топката и ја смести во мрежата, над главата на најдобриот светски голман Нилсен.

Гидсел имаше постигнато фатастичен гол за Берлин во ова петто коло, но Данецот мораше да се задоволи само со второто место во ова рангирање, зад македонското ремек-дело во режија на тандемот Митревски – Манасков.

Се вчитува...