Борусија Дортмунд поведува со 2-0 на доамшен терен против Дармштад во последниот натпревар за двата тима сезонава во германската Бундеслига. Мечот нема никакво резултатско значење бидејќи „милионерите“ се сигурно во Лигата на шампионите, додека Дармштад веќе одамна е испаднат.
Сепак, денеска својот последен меч на „Вестфален“ го игра капитенот Марко Ројс кој го зачини на најдобар можен начин со неверојатен погодок од слободен удар.
Својот последен официјален натпревар Ројс во дресот на омилениот клуб ќе го има против Реал Мадрид во финалето во Лигата на шампионите.
Dortmund [2] – 0 Darmstadt – Marco Reus 38′
byu/dragon8811 insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА