Не можеше поемотивно: Дијаз даде два гола за три минути, татко му не можеше да стои од радост

Луис Дијаз го остави зад себе најтешкиот период во својот живот, па колумбискиот ас блесна во сиот свој сјај и ја донесе победата од 2-1 над Бразил, пред неговиот татко кој гордо гледаше од трибините само неколку дена откако беше ослободен од киднаперите.

Бразилците поведоа со 0-1 со голот на Мартинели на самиот почеток, но Колумбија направи пресврт во вториот дел,со Дијаз во главна улога. Фудбалерот на Ливерпул постигна два гола со глава за тотална еуфорија на стадионот, а камерите веднаш го „уловија“ и неговиот татко, кој не можеше да стои од радост по вториот погодок на својот син.

Колумбија со оваа победа се искачи на третото место на табелата со девет бода, два повеќе од Бразил кој слабо ги игра овие квалификации моментно се наоѓа на петтата позиција.

Се вчитува...