Не можеше послатко: Модриќ и Анчелоти до супер-јубилеи со победата над Барселона

Реал Мадрид славеше на големото дерби против Барселона, и тоа на „Монжуик“ со 1-2, меч на кој Лука Модриќ и Карло Анчелоти прославија фантастични јубилеи како членови на најтрофејниот европски клуб.

Модриќ влезе во игра во второто полувреме и стана највозрасниот фудбалер кој настапил на Ел Класико, но што е уште поважно, Хрватот дојде до 500 настапи во дресот на „кралскиот клуб“.

„Да се стигне до 500 меча за една екипа е огромен успех, уште кога тоа е најголемиот клуб во светот…. навистина немам зборови“, гордо изјави Модриќ по победата.

За Карло Анчелоти пак денешниот меч беше јубилеен 250. дуел како кормилар на „кралскиот клуб“. Италијанецот освои се што можеше да се освои со Реал, a денешниот јубилеј го прослави со извонредна победа над најголемиот ривал.

Се вчитува...