Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ и дефинитивно одлучи каде ќе ја заврши својата кариера. Како што тврди шпанска „Марка“ се е договорено меѓу Модриќ и Реал Мадрид.
Модриќ актуелниот договор кој го има со Реал, а му завршува до крајот на годинава ќе го продолжи до јуни 2022 година. А, со оглед на тоа дека до тогаш ќе има 37 години тоа значи дека сосема извесно и ќе ја заврши кариерата во Реал Мадрид, десет години откако меѓу „кралевите“ го однесе Жозе Мурињо.
Хрватскиот плејмејкер оваа година е една од клучните фигури во играта на Реал Мадрид, посебно по заминувањето на Роналдо. За неговите услуги имаше интерес од Интер, но се појасно е дека останува во Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА