Не, не е грешка: Лука Дончиќ ќе стане амабсадор на ФИФА

Кошаркар е, но ќе стане амбасадор на ФИФА. Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ќе биде официјален ФИФА амбасадор за подрачјето на Лос Анџелес воочи Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржува во САД, Мексико и Канада.

Дончиќ ќе биде задолжен за областа за која во моментов живее и игра.

„Многу сум горд. Светското првенство во фудбал е најголемото случување на светот и многу сум возбуден. Секогаш сум гледал фудбал, а го гледам и сега. Тоа е голем дел од мојот живот. Лос Анџелес е убав град со сјајна култура. Фудбалот во САД станува популарен, а посебно тука во Лос Анџелес и идеално е што овој град ќе биде еден од домаќините“, изјави Дончиќ.

Меѓутоа негтовата земја во моментов е далеку од пласман на Светското првенство. Во квалифкациите се трети со три бодови, пред нив е Косово со седум и Швајцарија со девет бода, на две кола до крајот на турнирот.

Се вчитува...