„Не ни треба американска контрола на европската кошарка“

Џорди Бартомеу, поранешниот предводник на Евролигата кој улогата директор ја вршеше 22 години во интервју за италијански медиуми отворено говорше за формирањето на ново кошаркарско натпреварување на „стартиот континент“ од страна на НБА лигата.

Бартомеу се спротивставува на оваа идеја велејќи дека не сака американска контрола на европската кошарка.

„НБА постои и во Африка веќе со години, но никој не збори за неа. Таму ова „движеше“ не расте, но Американците ги контролираат талентите кои доаѓаат од тој континенти. Во Европа ќе биде исто. Фактот дека МВП на НБА лигата во последните години е Европеец говори за интересот кој го имаат во нашата кошарка. Тие сакаат контрола. Не ни треба американска контрола на европската кошарка.

НБА „намириса крв“ и ја виде шансата да влијае. Слабата страна на Евролигата е недостатокот на планирање и тоа им дозволи влез. Пред пет години немаше ни да говориме за вакво сценарио“, изјави Бартомеу.

Се вчитува...