„Не“ од Френки де Јонг за Манчестер Јунајтед

Френки де Јонг и во следната сезона ќе биде дел од Барселона. Холандскиот репрезентативец кој го засили каталонскиот клуб во 2019 година ова лето беше поврзуван со трансфер во редовите на Манчестер Јунајтед, англискиот и шпанскиот тим веќе ја договорија и цената, но 25-годишникот одбива да ја промени средината.

Тој сака да остане и во иднина да се докажува под водство на Чави, а не помагаат ниту амбициите на „црвените ѓаволи“ кои повторно нема да бидат дел од Лигата на Шампионите по лошата сезона во која завршија на шестата позиција на табелата со 13 бода заостанување од четврттопласираниот Тотенхем.

Адутот на Манчестер Јунајтед за реализација на трансферот беше новиот тренер Ерик тен Хаг со кој Холанѓанецот имаше одлична соработка во Ајакс, но настапот за Барселона е остварување на сонот за Де Јонг.

Се вчитува...