Не од јуни: Бразилецот Да Силва уште веднаш нов ракометар на Вардар!

Искусниот бразилски централен бек Жоао Педро да Силва уште веднаш доаѓа во редовите на Вардар, а на од јуни 2026 година, како што беше првично договорено.

„Вардарци“ ги очекува тежок втор дел од сезоната во битката за шампионската титула но и да се дојде до финалето во Лигата на Европа на ЕХФ, па според последните информации, токму максималните амбиции се причина за инсистирање Бразилецот уште од стартот на новата година да биде на располагање на тимот.

Искусниот организатор на играта веќе постигна договор со новосадска Војводина за раскинување на соработката и веднаш ќе стане член на скопски Вардар.

31-годишниот Бразилец игра на позицијата среден бек а со себе носи и големо интернационално искуство, настапувајќи во минатото за Адемар Леон, Шамбери, Бенфика, Стеауа и Динамо Букурешт. За репрезентацијата на Бразил има 53 настапи и 114 постигнати голови.

Се вчитува...