Кристијано Роналдо ова лето се поврзуваше со заминување од Манчестер Јунајтед, но откако португалскиот ас го одбија клубови како Челси, ПСЖ, Баерн Минхен… и тој ја одби астрономската понуда од Саудиска Арабија.
Имено, шампионот на тамошното првенство, Ал Хилал се обидел на секој начин да го доведе четирикратниот освојувач на „Златната копачка“ во своите редови, а бил подготвен и да издвои неверојатни 242 милиони евра за двосезонски договор.
За богатиот саудиски клуб настапуваат имиња како Вието, Алваро Гонзалез, Оспина, Санто Мино, Густаво Куелар, но 37-годишниот Португалец сеуште игра на високо ниво и не планира да ја замени Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

