Не помогна 41 поен на Јокиќ – Мајами преку „брејк“ до 1-1 во серијата со Денвер

Мајами изедначи на 1-1 во финалната серија против Денвер откако славеше со 108-111 во вториот натпревар. Тимот од Колорадо ја имаше победата во свои раце, во последните десет минути влезе со предност од осум поени, но високата реализација на Мајами донесе целосен пресврт.

Хит постигна 36 поени во последните 12 минути, стигна и до целосен пресврт, а Мари не реализираше во последните моменти од средбата кои ќе донесеа продолжение.

Со 41 поен и 11 скокови Никола Јокиќ беше прво име на натпреварот, а него го следеше Мари со 18 поени и 10 асистенции. Винсент реализираше 23 поени за Мајами, додека со 21 поен и 9 скокови мечот го заврши Адебајо.

Се вчитува...