Манчестер Сити се посрамоти во оваа лоша сезона за доскорешниот првак на Англија откако „граѓаните“ не успеаја да слават над најслабиот тим во Лигата, ремизирајќи 0-0 на гостувањето против Саутемптон. Ерлинг Халанд се врати по подолга пауза, но ниту норвешкиот голгетер не можеше да помогне, неговиот тим се мачеше да искреира шанса, а оние кои ги создаде не успеа да ги претвори во гол против одличниот Бернд Лено. Бодовите беа важни за Сити во трката за место во ЛШ, па јасно е дека избраниците на Пеп загубија два важни бода и си ја искомпликуваа трката за место во Топ 5.
Евертон како гостин го изненади Фулам триумфирајќи со 1-3, и тоа откако домаќините први поведоа на овој натпревар. Миколенко донесе израмнување пред самиот старт на првото полувреме, за во вториот дел Кин и Бето да донесат целосен пресврт и триумф на „карамелите“.
Брајтон како гостин го совлада Вулверхемптон со 0-2, а до три бода дојде и Брентфорд, славејќи со 0-1 над испаднатиот Ипсвич.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

