Кошаркарите на Партизан го доживеаја и вториот пораз во 3. коло од Евролигата, овој пат пред своите навивачи од моќната Барселона со 83-92.
Каталонскиот тим уште во првата четвртина, добивајќи ја со 16-23, јасно даде до знаење дека во Белград е по победата како начин за продолжување на успешниот старт во новата сезона од Евролигата.
Успешно Барселона ја одигра и втората четвртина од мечот, па на полувремето гостите заминаа со предност од 34-44.
Во второто полувреме тимот на Жељко Обрадовиќ почна агресивно во обид да ја анулира предноста, но не успеа во тоа. На крај, за пораз од 83-92.
Лапровитола со 20 поени и шест асистенции беше најдобар кај Барселона, а Хернангомез заврши со 15 поени. Кај Партизан со 14 поени заврши Нанели.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА