Не помогна ниту Пењароја – Нова катастрофа на Партизан во Евролигата

Ниту Жоан Пењароја ниту Камерон Пејн не му помогнаа на Партизан да се извади од меланхолијата во која е влезе, откако вечерва забележа нов убедлив пораз на домашен терен овојпат од Макаби Тел Авив од 87-112 во натпревар од 18. коло од новата сезона во Евролигата.

Партизан подобро го отвори мечот на крилата на Камерон Пејн, па во еден момент во првиот период имаа и плус единаесет (28-17). Сепак, тоа беше се што успеаја да направат до крајот на мечот, па израелската гордост одигра фуриозно и на крајот стигна до убедлив триумф од 87-112.

Лони Вокер со 20 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Камерон Пејн заврши со 15 поени.

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...