Кошаркарксата репрезентација на Германија ги совлада Соединетите Американски Држави со 111-113 и со тоа се пласираше во финалето на Светското првенство кое се игра во Филипини, Јапонија и Индонезија.
Натпреварот почна фуризоно на двете страни. Буквално сите кошаркари погодуваа од секоја позиција, а по десет минути игра Германците имаа минимална предност од 31-33. Во вториот период продолжи атомската кошарка на двете страни, а Американците беа за нијанса подобар противник по што на пауза заминаа со минимална предност од еден поен (60-59).
Германците феноменално го стартуваа второто полувреме. Погодуваа тројки во стилот на Литванија од секоја позиција, па по 30 минути игра успеаја да стигнат до двоцифрена предност од 84-94. На стартот од последниот период Германците ја одржуваа предност од десет поени и на пет минути до крајот влегоа со предност од 96-106. Следуваше тајмаут на Стив Кер, по кој Америка на крилата на Ентони Едвардс на три минути до крајот со серија од 7-0 стигна на негатива од само три поени 103-106. САД дојде и на само поен негатива 107-108, но на крајот клучна се покажа тројката на Обст кој донесе водство од 107-111 на минута до крајот. Германија ја задржа предноста до крај и стигна до конечен триумф од 111-113. Андреас Обст со 24 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Ентони Едвардс заврши со 23 поени.
Во финалето во недела Германија ќе се сретне со репрезентацијата на Србија додека во мечот за третото место САД ќе се сретне со Канада.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

