Повторно проблеми во Дортмунд. По самото завршување на натпреварот меѓу Борусија Дортмунд и Монако (2-3), полицијата доби дојава дека би можело да има нови сомнителни ’објекти’ на самиот излез од стадионот „Сигнал Идуна парк“. Во југоисточниот дел од стадионот, полициските сили делуваа веднаш и го затворија, па сега детално ќе се пребарува просторот околу можноста за нови експлозивни направи. Ова уште повеќе го зголеми лудилото кое веќе два дена трае во Дортмунд.
Синоќа автобусот на фудбалерите на Борусија Дортмунд беше нападнат со три бомбашки чинови, откако експлозивните направи беа поставени во грмушки веднаш до патот кој води до стадионот „Сигнал Идуна парк“. Полицијата се уште води интензивна истрага, иако се сомнева дека се работи за исламистичка група.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА