Пријателскиот натпревар помеѓу Марсеј и Вилјареал и не беше толку пријателски. Францускиот клуб успеа да слави со 2-0 против шпанскиот, меѓутоа истиот го одбележа тензична атмосфера, а малку фалеше да дојде и до тепачка.
Имено, по црвениот картон на Фојт, тренерот на Вилјареал, Унаи Емери прво влезе во вербален конфликт со судијата, а веднаш потоа и со тренерот на Марсеј, Хорхе Сампаоли. Темпераментниот Аргентинец не остана рамнодушен и тргна во физичка пресметка, а хероите на денот беа неговите помошници кои навремено реагираа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА