НЕ ПРОПУШТАЈ: Sandro Dias ќе се обиде да сруши два светски рекорди спуштајќи се со скејтборд по највисоката рампа

На 25 септември во 17:00 часот, Red Bull спортистот Sandro Dias ќе се обиде со скејтборд да се спушти по фасадата Centro Administrativo Fernando Ferrari во Порто Алегре, Бразил, зграда висока 88.91 метар, со цел да постави два нови Гинисови рекорди – историски подвиг кој ќе може секој да го следи ВО ЖИВО на YouTube.

Од својата изградба во Порто Алегре, Бразил, зградата Centro Administrativo Fernando Ferrari (CAFF) важи за архитектонска атракција со необична репутација. Со својата импресивна искривена фасада, таа потсетува на скејт ‘quarterpipe’ рампа – инспирирајќи генерации скејтери да замислуваат спуштање по неа – легенда која со години живее во локалната скејт заедница.

Сега, таа урбана легенда конечно ќе биде тестирана. На 25 септември, доколку дозволат временските услови, 50-годишниот бразилски Red Bull спортист Sandro Dias ќе се обиде да се спушти по таа фасада и да влезе во историјата како еден од најсмелите потези во светот на скејтбордингoт. Проектот, Red Bull Building Drop, е креиран во соработка со Prada Linea Rossa.

Со својата висина, CAFF претставува предизвик кој го надминува секој досегашен рекорд. Dias ќе започне со пад од 30 метри – што е повеќе од стандардната 23-метарска Megaramp – а потоа ќе продолжи со повеќекратни обиди, постојано зголемувајќи ја висината и ризикот.

Целта: да се постават два нови светски рекорди – за највисоко drop-in спуштање и за најголема брзина постигната на стандарден скејтборд. За верификација на подвигот ќе бидат присутни официјални претставници од Guinness World Records™.

Dias веќе помина недели во подготовка, тестирајќи ја рампата и усовршувајќи ја својата техника и менталната подготвеност.

За скејтерите од Порто Алегре, обидот на Dias носи особено значење. Професионалниот скејтбордер и претприемач Cezar “Gordo” Dal Pozzolo, роден во овој град, се сеќава на долгогодишната урбана легенда и нејзиното влијание врз локалната скејт сцена.

Што ја прави CAFF посебна за тебе и кога првпат помисли дека некој би можел да се спушти по неа?

Cezar: „Почнав да скејтам во Порто Алегре како дете. Првиот пат кога поминав покрај CAFF, веќе скејтав, и веднаш си помислив: ‘Дали може да се вози по ова?’ Подоцна видов реклама во списание – фотомонтажа на скејтер кој се спушта по зградата. Беше лажна, но засекогаш ми остана во мислите. Секој што вози скејтборд, а и луѓето што не возат, а поминуваат покрај CAFF си го поставуваат истото прашање: ‘Дали навистина би било можно?’“

Како гледаш на фактот што токму Sandro ќе биде човекот кој ќе се обиде?

Cezar:Се чувствувам привилегиран што ќе можам лично да сведочам на овој момент, во мојот живот и во мојот град. Тука ја започнав својата скејт кариера, тука се изградени некои од најголемите скејт паркови во Латинска Америка, а сега сум сведок на нешто што никој не можеше да го замисли.“

Што значи овој обид за локалната заедница?

Cezar: „Овој обид го става Порто Алегре уште повисоко на глобалната скејт мапа. Скејтбордингот станува тема и за медиуми кои обично не го следат, а тоа ја проширува свеста и го зголемува интересот за спортот.“

CAFF е уникатна градба која доминира во центарот на Порто Алегре. Со својот препознатлив изглед, станала легенда која со децении го инспирира локалното скејт движење. Она што првично беше само архитектонска атракција, сега ќе добие историски момент – кога Sandro Dias ќе ја претвори фасадата на CAFF во најекстремната скејт рампа на светот.

Зошто мислиш дека оваа приказна толку долго ‘живее’ меѓу локалците?

Cezar: „Тоа е историска зграда, голема структура во форма на рампа, и навистина е легендарна. Ако одите во центарот на градот, веројатно ќе поминете покрај неа и архитектурата веднаш ќе ви го привлече вниманието. За луѓето од Порто Алегре, или за секој што го посетува градот, едноставно не може, а да не ја забележи. Навистина се истакнува во урбаната слика на градот. Порто Алегре нема многу згради со ваков уникатен дизајн.

Кога патувате во други земји, често ќе видите импресивна архитектура, но овде тоа е реткост. Во многу градови, високи или впечатливи згради се многубројни, но во Порто Алегре нема толку високоградби или такви кои толку се издвојуваат по нивниот дизајн. Тоа ја прави оваа зграда уште поуникатна – бидејќи токму таму, во средината на сè, остава впечаток.

Секако, често зборуваме за делата на бразилскиот модерен архитект Oscar Niemeyer, кои навистина привлекуваат внимание, особено во Бразилија. Но, ниту една од тие згради не изгледа како да е баш “направена” за скејтбординг. Денес постојат архитекти и инженери кои скејтаат и дизајнираат со око на скејтер. Но, тоа не беше така и кога беше дизајнирана CAFF. За скејтерите, среќа е што заврши со изглед толку сличен на рампа.“

Денес, четврток, 25 септември во 17:00 часот, можеш да го следиш овој историски момент ВО ЖИВО на YouTube и да дознаеш дали Sandro Dias со овој подвиг ќе успее да го впише своето име во книгата на Гинисови рекорди.

Се вчитува...