Серхио Регулон, шпанскиот лев бек првата полусезона ја мина во Манчестер Јунајтед како позајмен од Тотенхем. Тимот од „Олд Трафорд“ зимоска се реши да го врати, но Тотенхем повторно го испрати на позајмица, овојпат во Брентфорд.
Со одличните игри во Тотенхем, стана и дел од шпанската репрезентација. Дојде како големо засилување, но очигледно од лондонскот тим имаат други замисли. Ниту самиот Регилон не може да разбере што се случува, затоа што пред почетокот на сезоната му било соопштено дека сериозно сметаат на него.
„За време на претсезоната бев многу среќен, и Постекоглу беше среќен со мене. Играв како секој играч, во сите натпревари бев во комбинација. Разговарав со тренерот и ми рече дека ќе бидам на списокот на неговиот тим за слената сезона. Следниот ден веќе бев надвор од тренинзите, и не разбирам што се случува. Јас сум сигурен дека можам да играм во Тотенхем, но во многу аспекти фудбалерот нема контрола. Не сакам да останам и да седам на трибини. Имам 27 години, и имам уште многу да му дадам на фудбалот. Не разбирам зошто еден ден ми рекоа „да“, а веќе следниот „не“ – рече Регилон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА