Американскиот новинар Стивен А. Смит ги искористи слабите игри на Денвер за да се наврати на МВП трката во НБА. Нагетс се во серија од три порази, но проблемот е далеку од Јокиќ, кој во тој период забележа 30 поени, 14,3 скока и 10 асистенции со 1,7 украдени топки и 55 отсто шут од поле, односно 44 за три.
Сепак, Смит, заедно со Кендрик Перкинс, ја искористија лошата серија на „франшизата“ од Колорадо за да го предизвикаат Јокиќ како фаворит во трката за третото по ред признание за МВП.
„Дами и господа, знам дека Вегас (обложувалниците) велат нешто поинаку. Не сакам да слушнам ништо за Јокиќ да биде МВП фаворит, со оглед на начинот на кој играта на Денвер е во пад периодов. Џоел Ембиид, Џоел Ембиид, ќе кажам повеќе од еднаш, Џоел Ембиид. Тој човек мора да биде на врвот, мора да биде МВП“, рече Смит.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

