Играчот за врска Миралем Пјаниќ, еден од најдобрите играчи во историјата на босанскиот фудбал, има нов клуб. Поранешниот првотимец на Лион, Рома, Јувентус и Барселона од оваа сезона ќе настапува за ЦСКА Москва.
Донекаде изненадува одлуката на 34-годишниот фудбалер кариерата да ја продолжи во тимот од главниот град на Русија. Причината? Само две години претходно Пјаниќ се спротивстави на одлуката на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина репрезентациите на таа земја и Русија да се сретнат во пријателски натпревар.
Пјаниќ на „Лужњики“ доаѓа како слободен играч бидејќи три месеци претходно му истече договорот со Шарја, тим од Обединетите Арапски Емирати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА