Не сакаше да открие, но Тухел преговара со фудбалер на Барселона

Тренерот на Баерн Минхен, лично работи на доведување на фудбалерот на Барселона, Роналд Араухо. Стоперот е голема желба на предводникот на „Баварците“ за кого е подготвен да издвои голема сума на пари, само да го види во своите редови.

Во моментов Араухо се проценува на 70 милиони евра. Како што пишува „Скај“, во петокот дошло до првите контакти на Тухел,  спортскиот директор Криштоф Фројнд и самиот фудбалер. Во овој разговор тренерот му соопштил на Уругваецот дека го сака во своите редови уште во текот на зимата.

Вчера Тухел не сакаше да коментира околу можноста Араухо да го засили тимот на Баерн.

„Нема на ниту еден начин да го коментирам тоа. Зборувам само за играчите кои се сега дел од нашиот тим“, изјави Тухел после мечот во Франкфурт на прашањето дали Баерн работи на доведување на Араухо.

Се вчитува...