Големи санкции ќе следуваат во пресрет на трката за Големата награда на Италија во Формула 1, која се вози на култната патека во Монца.
Според информациите, досега шест возачи ќе добијат казни поради промена на компоненти во болидот. Веќе од претходно беше познато дека Луис Хамилтон ќе тргне од последниот ред, а сега е потврдено дека друштво ќе му прави Јуки Тсунода. Казна од пет стартни места добива шампионот Макс Ферстапен, кој поради промена на уредот за внатрешно согорување ги нарушува правилата.
Десет места поназад од квалификацискиот резултат добива и неговиот тимски колега Серхио Перез, кој го промени истиот дел од моторот. Санкција му следува и на Карлос Саинц од Ферари. Шпанецот добива нов менувач, генератор на моторот (МГУ-К), за што му следува казна од 25 позиции. Сепак, со сигурност ќе тргне пред Хамилтон и Тсунода, а казна од петнаесет позиции доби и Валтери Ботас.
Квалификациите за трката во Монца се закажани за денес во 16.00 часот, додека трката се вози в недела од 15.00 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА