ЕКИПА во Копенхаген, Данска
Владимир Булатовиќ
Македонската репрезентација на стартот од вториот дел, има негатива од Данска во полуфиналниот бараж за пласман на СП во Копенхаген. Иницијативата на домашната селекција даде плод во првите минути од вториот дел.
После една одлична акција Херера интервенираше во последен момент пред Исаксен, меѓутоа топката среќно стигна некако до Дамсгард, кој спроведе во празната мрежа, со оглед дека нашиот голман Димитриевски беше излезен.
Сега се очекува Македонија да се отвори и да фрли на се или ништо за да се обиде да избегне пораз, и елиминација во овие бараж пресметки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

