ЕКИПА во Торшавн
Горан Бошев
ФОТО: Роберт Спасовски
Македонската репрезентација со еден бод го стартуваше четвртото издание во Лигата на Нации. Во игра со многу осцилации, многу падови, Македонија не искористи три добри шанси за пресврт во Торшавн, па остана без победата против Фарски Острови. Не може да се победи ниту една селекција ако не се користат шансите, а Македонија во вториот дел ги имаше да направи целосен пресврт. Чурлинов е трагичарот на националниот тим, откако во првиот дел не искористи „зицер“ за израмнување, а во вториот дел при 1-1 имаше уште една прилика. Потоа и Ќалими не искористи прилики за тотален пресврт, па Фараните неколку пати се закануваа да го одземат и бодот на нашата селекција, но не успеаја за на крајот и двете репрезентации да освојат по бод.
Селекторот Милевски направи неколку измени во стартниот тим во кој имаше неколку изненадувања. Во составот предност добија Иљазовски, Димоски и Митровски, а Елмас наместо на страна, играше на средината.
Македонија лошо го почна натпреварот. Фарски Острови практично по првиот напад стигна до водство со сомнителен пенал. Иљазовски беше во дуел со Ватхамар, што судијата Лукјанчукас го окарактиризира како удар од белата точка, кој прецизно го изведе Давидсен. Шутираше неодбранливо во десниот долен агол и така Фарски Острови поведоа.
Viljormur Davidsen scores from the spot!
Faroe Islands 1-0 North Macedoniapic.twitter.com/uGOesPAW4s
— Goals Xtra (@GoalsXtra) September 7, 2024
Избраниците на Благоја Милевски одиграа со многу грешки во продолжението, особено во играта без топка кога требаше да се отвораат играчите и да се најде слободен простор. Тешко одеше „спојувањето“, но и во една таква ситуација Македонија дојде до „зицер“ преку Чурлинов во 19. минута кога изби сам пред голот, го мина и голманот и во завршницата неговиот удар беше изблокиран од Андриас Едмундсон.
Македонија се соочи со проблеми при секоја нафрлена топка од корнер, која преставуваше потенцијална закана по голот на Димитриевски. Имавме и шанса преку Митровски која ја одбрани домашниот голман Рејнатрод, па на полувреме заминавме со негатива.
На стартот од вториот дел две замени во Македонија. Алиоски и Ќалими добија шанса, на местото на Иљазовски и на Митровски, па Милевски се реши да смени и формација во 4-4-2. Се гледаше дека Македонија ќе оди на се или ништо, и една таква игра донесе израмнување веднаш на почетокот на второто полувреме.
Во 47. минута Барди шутираше силно, изблокирана топка, па стигна до Алими, кој беше срушен од Ватхамар, по што судијата покажа на белата точка за нашата селекција. Барди во 49. минута шутираше прецизно во десниот агол, за израмнување.
Enis Bardhi equalizer! Faroe Islands 1-0 North Macedoniapic.twitter.com/sBjs1igYka
— Goals Xtra (@GoalsXtra) September 7, 2024
Следуваше период во кој Фараните повторно се закануваа преку прекини, но секогаш на место беше Алими да спасува кога дефанзивата на Македонија не расчистуваше.
Следуваше најдобрата шанса на Македонија за предност. И повторно Чурлинов не реализира „зицер“, откако со глава му беше спуштена топката, а тој сам на вториот дирек не успеа да ја спроведе топката во мрежата во 58. минута. Нова прилика на Македониија во 69. минута за предност преку Ќамили кој успеа неверојатно да промаши цел гол од само 3-4 метри, откако доби топка од Миовски од левата страна.
И кога Македонија доминираше, Фарски Острови во 76. минута пропушти можност да ја шокира нашата репрезентација. Микелсен се најде во добра позиција од левата страна, но шутираше само крај голот. Столе Димитриевски мораше да спасува после и по ударот на Ватхамар и да не дозволи нова предност на домаќините во 78. минута. Моменти на Фарски во миговите кога Македонија тргна по пресврт.
Сепак, и Фарски Острови до крајот добро ги затвори приодите до својот гол, па така Македонија остана без шанса да дојде до трите бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА